-->
-->
МВР со детали за смртта на двајцата алпинисти во „Бучим“
-->
МВР излезе со детали за вчерашната несреќа во рудникот „Бучим“ во која загинаа двајца алипинисти.
„На 13.10.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во рудник „Бучим“ во близина на Радовиш, при изведување работни задачи како подизведувачи ангажирани од планинарскo-алпинистички клуб од Радовиш, починале З.М.(45) и Д.С.(20), двајцата од Радовиш.
Од страна на лекар била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од ОВР Радовиш и Tрудови инспектори, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра