Македонија
14. October 2021 - 11:56

МВР со детали за смртта на двајцата алпинисти во „Бучим“

МВР излезе со детали за вчерашната несреќа во рудникот „Бучим“ во која загинаа двајца алипинисти.

„На 13.10.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во рудник „Бучим“ во близина на Радовиш, при изведување работни задачи како подизведувачи ангажирани од планинарскo-алпинистички клуб од Радовиш, починале  З.М.(45) и Д.С.(20), двајцата од Радовиш.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од ОВР Радовиш и Tрудови инспектори, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од МВР.