МВР со детали за пукањето во Дебар, приведени две лица
Две лица уапсени кај Ростуше поради сомнение дека пукале во 30- годишниот А.И од Дебар.
-На 17.06.2021 полициски службеници од Полициска станица Ростуше на место викано „Ростушко анче“ ги лишиле од слобода А.А.(28) од с.Долна Бањица, гостиварско и А.Т.(30) од с.Лакавица, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, поради постоење на основи на сомнение дека околу 22.10 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И.(30) од Дебар.
А.И. бил пренесен во Општа болница Дебар за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид, а при преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „Сиг Сауер“ П226С кал.9 мм, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата