Македонија
21. January 2021 - 16:45

МВР со детали за пожарот во кочанското село Грдовци во кој загина 46-годишен маж

На 21.01.2021 околу 06,25 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Грдовци, кочанско настанал пожар во куќата сопственост на А.J.(48).

Откако интервенирала противпожарна екипа, В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во Медицински центар - Кочани за укажување лекарска помош, додека кај А.Ј. од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт.

 Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.