Македонија
8. March 2021 - 12:42

МВР со детали за починатиот велосипедист во сообраќајната несреќа кај Охрид

Вчера во 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу с.Подмоље и Авто камп, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од с.Ливада, струшко, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.