Македонија
28. February 2021 - 12:41

МВР со детали за несреќата на Пониква: Девојка загина, а две лица се повредени откако со џип излетале од патот

Министерството за внатрешни работи ги соопштува деталите за сообраќајната несреќа која се случи денес три часа по полноќ на Пониква во која животот го загуби едно женско лице.

- На 28.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, патничко возило „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управувано од И.А (38) од с.Облешево, кочанско, излетало од коловозот. Сопатничката М.Б.(31) од с.Прибачево, кочанско, починала на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, соопштуваат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.