Македонија
6. October 2020 - 21:41

МВР со детали за нападот на полицаец на Партизанска

Неколку видеа од напад врз двајца полициски службеници во Скопје се појавија на социјалните мрежи.

МВР информира дека настанот се случил во неделата околу 02:40 часот на булеварот „Партизански одреди“, а на едно од видеата се слушаат вербални, а потоа се гледаат и физички напади врз двајцата полициски службеници.  

Според Министерството за внатрешни работи, службениците забележале лице кое не носело заштитна маска, а било и под дејство на алкохол и од него побарале лична карта со цел негово легитимирање. Лицето рекло дека не носи лична карта и почнало агресивно да се однесува кон полициските службеници, по што дошле и други лица, а едно од нив физички нападнало полициски службеник.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека настанот се случил на 04.10.2020 околу 02.40 часот на ул. Костурски херои, пред пекара и дека напаѓачите се приведени и против нив, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Настанот е објавен и во извадокот од дневниот билтен што секојдневно го објавува Министерството за внатрешни работи.

Лицата веднаш се лишени од слобода и спроведени во ПС Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје.

За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал. Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат“, велат од МВР.

[ВИДЕО]

Posted by Сител ТВ on Tuesday, October 6, 2020