Македонија
10. August 2020 - 11:21

МВР со детали за инцидентот пред Градската општа болница

Вчера пред Градската општа болница едно лице било физички нападнато. На нападот му претходела расправија поради претходно случена сообраќајка. Како што соопштуваат од МВР:

„На 09.08.2020 во 21.00 часот Б.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„11 Октомври“, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бил физички нападнат од Џ.Б.(24) од Скопје.

Според пријавеното, на нападот му претходела  расправија поради претходно случена сообраќајна незгода во Шуто Оризари, во која бил повреден малолетник.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.“