Македонија
10. April 2021 - 19:56

МВР со детали за акцијата во која беше запленета марихуана вредна 800.000 евра

Приведени се 6 лица од криминалната група која шверцувала 2 тони дрога во комбе. Од МВР информираа дека во акцијата за разбивање на криминална група дел од приведените лица учествувале директно во транспортот на дрогата а дел биле затекнати на други локации како организатори. Комбето со 200 килограми марихуана било запрено кај с. Раец на патот Прилеп - Росоман. Во него била спакувана поголема количина на дрога.

„Количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со дрога. Лицата се лишени од слобода и од извршеното вештачење на пронајдената дрога е утврдено дека станува збор за марихуана во вкупна количина од околу 200 килограми“, изјави Сузана .

Полицијата извршила претреси кај осомничените и кај дел од нив биле пронајдени дрога, оружје и пари. Едно од лицата кај кого се пронајдени пари е командир од полициска станица прилеп за кого вчера потврди министерот за внатрешни. Од МВР не откриваат од каде потекнува марихуаната, но информираат дека се прават проверки во две фабрики за производство на медицински канабис.

„По наредба на Јавен обвинител и добиена наредба од Судија на претходна постапка во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..“

Опозицијата пак обвини и прашува дали возилото во кое е пронајдена дрогата е во сопственост на фамилијата на премиерот Заев.

Дека во оваа акција учествувала и американската ДЕА потврдија од Амбасадата на САД во земјава.

За лицата е побарана мерка притвор за што ќе одлучива судија на претходфна постапка. МВР продолжува со истрагата за идентификување на други лица кои учествувале во шверцот на дрога.