Македонија
22. February 2019 - 12:39

МВР со детали: Откриен идентитетот на 29-годишната девојка

Денеска во 9:50 часот пријавено е дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во близина на последна автобуска постојка во село Волково информираат од МВР.

На местото откако излегла полициска служба е констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје.

Оттаму додаваат дека смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош.

По наредба на обвинител телото е дадено на обдукција велат од МВР.