МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки
Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството.
- Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје, нагласуваат од Министерството.
Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.
- По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки, велат од МВР за МИА.
„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“
Ново на Сител
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Приватните специјализанти денеска пред Министерството за здравство