-->
-->
МВР: „Ренџ роверот“ бил управуван од полициски службеник со соодветен службен налог
-->
МВР вчера соопшти дека возилото „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, кое е во нивна сопственост, било управувано од полициски службеник и со соодветен службен налог.
Како што стои во соопштението, тоа е утврдено во извештајот од Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди по извршените проверки.
- По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година, наведуваат од МВР.
Се најавуваат и дополнителни проверки и преземање соодветни мерки, доколку по утврдување на сите факти се утврдат неправилности.
За возилото марка „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, сопственост на МВР, вчера дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња