Македонија
13. November 2018 - 23:15

МВР распиша меѓународна потерница по Груевски

Македонското МВР од вечерва со меѓународна потерница трага по  поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. По добиената потврда од властите во  Унгарија и доставеното решение од судот, вечерва е променета потерница и на веб страницта на МВР. Дека Макеонија го бара Никола Груевски за издржување на две годишната затворска казна  известени се и меѓународните безбедносни служби.

Од кривичниот суд претходно ги отфрлија обвинувањата упатени кон нив и  информираа дека надлежниот обвинител досега не побарал мерка притвор за Груевски.

- Во никој случај неможе да се согласиме со обвинувањата дека судот е виновен за евентуалното бегство на обвинетиот, дотолку повеќе што МВР и по наредба на обвинителството или по служебна должност, доколку утврди дека истото е неопходно, може да презмеме мерки за обезбедување на одредено лице. Дополнително на обвинетиот му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош кои сеуште се наоѓаат во судот, а сите опредлени мерки против истиот беа потврдени и од повисокиот – Апелациониот суд, велат од судот.

Медиумите во Унгарија објавија детали за можностите кои ги предвидува тамошниот закон за азил. Постапката од поднесување на барањето до одлука може да трае и до 60 дена, но според пишувањата во медиумите има можност и за итна постапка во рок од 15 дена. Македонските власти се надеваат дека барањето за азил ќе биде одбиено, а Груевски екстрадиран во земјава.