Македонија
14. April 2020 - 0:25

МВР: Приведените од Сингелиќ со камења нападнале полицајци

Вечерва во скопската населба Сингелиќ толпа луѓе се собрала фрлајќи со камења на полицијата која апсела советник на СДСМ во Општина Гази Баба кој со уште неколку лица за време на полициски час ваделе лежечки полицаец поставен на патот, информираше вечерва МВР.

При интервенцијата на полицијата се собрала поголема група на луѓе кои негодувале и се спротивставувале на апсењата.
На местото пристигнал градоначаналникот на Општината Борис Георгиевски.  Откако ги привеле, поднесени се пријави по што се пуштени  и состојбата e смирена, информира полицијата.