-->
-->
МВР приведе петмина членови на криминална група што транспортирала кокаин и марихуана
-->
Македонската полиција во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и српската полиција реализираше случај во кој е идентификувана и сузбиена организирана криминална група составена од шест лица кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици, кокаин и марихуана, при што уапсени се пет лица, а едно лице од групата е во притвор во Србија.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција информираше дека како резултат на криминалните активности на групата, во текот на 2017 година на територија на Република Србија биле запленети 128,67 килограми марихуана, како и 440 грама кокаин и 1.330 грама смеса за мешање фанацетин и манитол.
- По низа оперативни мерки и активности вчера врз основа на судска наредба извршени се претреси на неколку локации на подрачје на Тетово и Прилеп. Обезбедени се докази за два транспорти на наркотична дрога и остварена е соработка помеѓу МВР и ЈО на Република Македонија и Република Србија, изјави Ангеловски.
Посочи дека во првиот случај е утврдено дека лицето Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 килограми кокаин по цена од 25.000 евра и смеса за мешање со намера со автомобил да го пренесат од Белгија во Република Македонија.
- На 23.09.2017 година на излез од Република Србија на граничниот премин Прешево од страна на српски полициски и царински службеници сопрено е возило мерцедес со белгиски регистарски ознаки управувано од Н.Д. по што истиот се дал во бегство, илегално ја преминал границата и влегол во Република Македонија. Во возилото пронајдени се два пакети наркотична дрога кокаин и смеса за мешање, рече Ангеловски.
Во рамки на вториот случај, рече Ангеловски, утврдено е дека лицето Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со лицето А.М (53) од Тетово ја сместиле во товарно моторно возило и го ангажирале лицето И.И. (70) од Тетово да изврши трнспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија.
Од МВР ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Н.Д., Ј.И, А.М., Е.Б., И.И., за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и репрекурсори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено