МВР: Прекршочни пријави за Стоилов и напаѓачот за тепачката кај Силбо
Полицијата денеска излезе со официјално соопштение во врска со тепачката во која беа нападнати македонските ракометни репрезентативци Столе Стоилов и Дејан Манасков.
Според полицијата Столе Стоилов се здобил со видливи повреди откако околу 4 часот изутрина бил физички нападнат од Т.Г (33) од Скопје и уште четири-пет непознати лица.
Стоилов го пријавил нападат изутрина во 4:30 часот во полициската станица Центар. Околу четири часот во пекарницата „Силбо“ на ул.„Костурски херои“ бб додека Стоилов јадел заедно со неговите другари Манасков и Никола Трипуновски му пришле четири до пет непознати лица, кои сакале да се сликаат со него. Кога одбил почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат поградни зборови, по што излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Манасков и Трипуновски.
По ова и Стоилов заедно со Манасков и Трипуновски излегле надвор да видат што се случува при што Стоилов бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија.
Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на Стоилов и Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок „тепачка“ по чл. 11 од ЗППЈРМ, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата