Македонија
9. April 2019 - 14:26

МВР потврди: Синот на Захариев бил пронајден мртов

Од Министерство за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека синот на поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захарев, бил пронајден мртов. „На 09.04.2019 година во 09.50 часот во Полициската станица Делчево од Итната медицинска помош во Делчево било пријавено дека во атар на с. Звегор, делчевско бил пронајден починат А.З.(23). Извршен е увид под раководство на јавен обвинител“, велат од МВР. Според неофицијални информации Александар Захариев си го одзел животот со бесење, во викендица на семејството во Делчево.