МВР поднесе 77 кривични пријави против лица за непочитување на мерките за заштита од корона вирусот
Министерството за внатешни работи во врска со мерките за справување со корона вирусот до денеска поднела 77 кривични пријави. Сите се по два члена од Кривичниот законик 205 и 206 - за пренесување на заразна болест и за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206). Исто така, до надлежните обивнителства, МВР доставило и пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. При извршените контроли за изолација утврдени се пет непочитувања, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.
Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари