Македонија
22. March 2020 - 14:26

МВР поднесе 77 кривични пријави против лица за непочитување на мерките за заштита од корона вирусот

Министерството за внатешни работи во врска со мерките за справување со корона вирусот до денеска поднела 77 кривични пријави. Сите се по два члена од Кривичниот законик 205 и 206 - за пренесување на заразна болест и за непостапување  според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206). Исто така, до надлежните обивнителства, МВР доставило и пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. При извршените контроли за изолација утврдени се пет непочитувања, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави.