Македонија
3. јуни 2016 - 16:12

МВР поднесе 33 кривични пријави за унишување на државен и јавен имот

Кривично ќе одговараат хулиганите кои нанесоа штета од над 250.000 евра во протестите на СДСМ и СОРОС. Полициите во Битола и Скопје поднесоа кривични пријави против вкупно 33 лица за уништувањето на јавниот имот.

Кривични пријави ќе добијат и 6 лица кои фрлаа со боја на Порта Македонија, како и возачот на СДСМ кој беше фатен од полицијата како превезува боја во комбето сопственост на СДСМ.
Полни раце работа и за полицијата и обвинителството во Битола. 26 лица ќе одговараат кривично за оштетување на фасадата на Општина Битола. Колкава штета причиниле, дополнително ќе се утврдува.
Од полицијата велат дека обезбедиле обемен доказен материјал кој се очекува да биде доволен пријавените лица да бидат осудени.