Македонија
5. December 2019 - 16:35

МВР открива коj ги водел профилите на Инстаграм каде се објавувани девијантни однесувања од учениците

Заменик-министерката за образование Наумовска без одговор кога Министерството го открила профилот на Инстаграм каде ученици поставувале видеа со девијантно однесување на часовите и одморите.

Посочи само дека државниот инспекторат и училиштата имаат обврска да поведат постапки за ваквото однесување. Од Министерството, сепак, осудуваат секакво недолично однесување на учениците во и надвор од училиштата.

-Такво однесување на ученици имало и ќе има. Наша задача е како Министерство за образование, како воспитно-образовни институции да преземаме мерки во насока на што помала појава на ваквите појави. Според тоа, навремено ќе бидете известени за сите соодветни педагшки мерки кои ќе бидат преземни, вели заменик-министерката, Елизабета Наумовска.

Се чека МВР да открие кој ги водел двата профила на социјалната мрежа Инстаграм каде што биле поставувани овие видеа. Но, и да ги идентификува учениците кои кршат училишен инвентар.

Но, од МВР само кратко велат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапува по случајот.

Профилот на македонски јазик го следеле повеќе од 15.000 ученици, а поставени биле 131 видео.

Педагозите велат ваквото однесување е почесто кај средношколците бидејќи многу е потешко да се контролираат.

Психолозите, пак, велат дека македонскиот образовен систем нема начин како да се справи со проблематичните деца, освен преку казни. Што според нив, е погрешно бидејќи токму казните поттикнуваат вакво однесување.