Македонија
11. August 2016 - 21:56

МВР: Оштетени домовите на 135 припадници на полицијата

Домовите на 135 припадници на Министерството за внатрешни работи се оштетени во саботното невреме што го зафати Скопскиот регион.

МВР денеска соопшти дека нема настрадани припадници на Министерството или членови на нивните семејства.

- Со цел да им се помогне на нашите колеги, Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за задршка на платата на вработените во МВР од по 100 денари, кои ќе бидат доделени на сите вработени во МВР кои се оштетени од поплавите. МПС од Солидарниот фонд, дополнително ќе додели по една просечна плата за настраданите членови на МПС, се вели во соопштението.

МВР и Македонскиот полициски синдикат организираат и акција за дистрибуција на специјални маски за заштита од бактерии и вируси и медицински ракавици за сите ангажирани полицајци кои им пружаат помош на оштетените во поплавата.