Македонија
25. January 2023 - 16:33

МВР најавува соодветен одговор по заканите за безбедноста, Џамбаски со закана за атентат врз Пендаровски

МВР на 4-ти февруари ќе носи одлука дали ќе забрани влез за бугарскиот европратеник Џамбаски  и други политичари ако одлучат да дојдат на одбележувањето на годишнината за раѓањето на Гоце Делчев. Министерот Спасовски ќе почека Агенцијата за национална безбедност да ги разгледа сите информации, па потоа ќе одлучува за она што го препорача Советот за безбденост. Нема најава кога ќе биде донесена таква одлука.

И додека државата се уште нема став како ќе постапува со Џамбаски, европратеникот директно му се заканува на претседателот Стево Пендаровски со атентат. Потврди дека повторно ќе доаѓа во Скопје на 4-ти февруари.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ предупредува дека поради ненавремената реакција на надлежните институции, ескалацираат односите меѓу двете држави.

Полицијата го подига нивото на обезбедување, откако и Советот за безбедност оцени дека настанот на 4-ти февруари е окарактеризиран ккако настан од висок ризик. И влада на последната седница донесе одлука за засилено полициско обезбедување за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.