Македонија
19. March 2020 - 17:44

МВР: Кривични пријави за граѓани од Кочани, Струмица, Валандово и Кавадарци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Д.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член 206 став 1 од КЗ. Пријавениот, на 18.03.2020 година, го напуштил домот во Кочани, каде што бил во самоизолација поради епидемија, иако претходниот ден на 17.03.2020 година, при враќање од земја определена како средноризична за корона вирусот Kовид-19 од СЗO, своерачно потполнил и потпишал Изјава за самоизолација во траење од 14 денови во неговиот дом. Со напуштањето на домот и самоизолацијата, кој бил должен да ги извршува, пријавениот не постапил според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест, односно не постапил согласно мерките и препораките на Владата на РМ.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Р.(23) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 03.03.2020 излегол од својот дом на ул.„Ванчо Прќе“ во Струмица, непочитувајќи ги прописите и наредбите дадени од страна на Министерсто за здравство, со што го зголемил ризикот за евентуално пренесување на заразна болест.

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Н.К.(49) и Е.К.(48) двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2020 пријавените оствариле влез во Р.С.Македонија на Меѓународниот аеродром во Скопје, доаѓајќи од Хановер, Р.Германија и во периодот од 14.03.2020 до 17.03.2020, за време на прогласена епидемија на вирусот корона Kовид-19, не постапувале и не се придржувале согласно донесената Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Ковид-19.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против седум лица, и тоа М.С.(43), Г.П.(29), Б.С. (52), Љ.Ц.(59), сите од Кавадарци, И.П.(56) и П.А.(49) од с.Ваташа, како и П.Т.(29), од с.Марена, кавадаречко, сите поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  На 17.03.2020 во 15.30 часот, на ул.„Ц.П.Ристов“ во Кавадарци, во домот на М.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 15,30 часот, на ул.„К.Крстев“ во Кавадарци, во домот на Г.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 16 часот, на ул.„С.Пинџур“ во Кавадарци, во домот на Б.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18.25 часот, на ул.„Шишка“ во Кавадарци, во домот на Љ.Ц., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18.40 часот, на ул.„Илчо Димов“ во Кавадарци, во домот на И.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 16.10 часот, на ул.„Блажо Ицев“ во Кавадарци, во домот на П.А., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18:40 часот, на ул.„Маршал Тито“ во село Марена, во домот на П.Т., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека тој, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Од 15 март 2020 до денеска, во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19, од сите Сектори за внатрешни работи поднесени се 24 кривични пријави, при што кривично се пријавени вкупно 29 лица. Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик, а едно лице е пријавено по член 205 од Кривичниот законик.