Македонија
29. July 2020 - 15:13

МВР ќе достави соодветен поднесок до ОЈО за нелегалниот објект кај ТЦ Мавровка

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал постапува за нелегални градежни активности во реонот на Трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење на елементи на кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“. За преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста.