Македонија
11. April 2018 - 16:20

МВР истражува која е причината за пожарот во Министерството за правда и какви документи се уништени

Истрагата треба да какви и колку важни документи изгореа во вчерашниот пожар во Правда. МВР и обвинителство од утрово ги истражуваат причините поради кои избувна огнот во министерството.

Извештајот ќе покаже колкава материјална штета е причинета.

Министерството за правда денеска е затворено за странки но и за вработените. Исклучена е електричната енергија, се чистат просториите од вода, се сумираат штетите. Освен изгорените три канцеларии на архивата, секторот за меѓународна правна помош и финансии и сметководство, уништени се простории и од вториот и третиот кат.

И од владата велат дека дополнително ќе се утврдува што се изгорело во пожарот, но  зградата на министерството е осигурана.

Правда нема министер откако Билен Саљији си даде оставка од морални причини по одлуката во случајот за малиот Алмир. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Данев обвини дека оваа влада не може да постави ниту нов министер ниту пак до сега ги спровела најавените реформи во правосудството.

До сега никој не одговори колку важни документи се изгорени во пожарот односно што се имало во архивата, сметководство како и одделението за меѓународна правна помош. Од она што е познато до сега, овие сектори се занимаваат со најважните документи и процеси од ресорното министерство вклучувајќи ги постапките што се водат за екстрадиција, префрлање затвореници и друга документација од коресподенција со други држави.

Инаку, третиот кат е целосно изгорен а во зградата во моментот на пожарот се уште имаше вработени. Во пожарот нема повредени а заменикот министер вчера изјави  дека што го слушнале  алармот во 16 и 30 повикале пожарна и веднаш биле евакуирани од зградата. На пожарот се интервенираше со 11 возила и 25 пожарникари.

МИРЈАНА ДАВИДОВСКА