Македонија
20. September 2018 - 9:49

МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“ од непријатната миризба

Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на  Комунална хигиена, информираа утрово за МИА од МВР. 

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство - Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје.

Од МВР информираат дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

- Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци, велат од МВР. 

Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов