МВР: Имаше договор за карневалот, полицијата интервенираше зошто не го испочитуваа
Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што, како што информира полицијата, се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.
- И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, информираат од СВР Охрид.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Од полицијата апелираат до сите граѓани заеднички да придонесат за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот