Македонија
16. May 2018 - 16:34

МВР и српската полиција спречија канал за шверц на кокаин и марихуана - уапсени 6-мина македонски државјани

МВР во соработка со српската полиција сузби шестчлена криминална група инволвирана во недозволена трговија со кокаин и марихуана.

Пет лица од Тетово и едно од Прилеп, во два одвоени случаи, се обиделе да прошверцуваат кокаин вреден 25000 евра, како и 131 пакување марихуана, чија пазарна вредност дополнително ќе се утврдува.

Петмина припадници на групата се уапсени во Македонија, а едно лице се наоѓа во притвор во Србија.

Годинава ова трет голем случај на сузбивање на криминална група составена од македоснки државјани која се занимавала со трговија на наркотици. Претходно, во други два одвоени случаи, на македонските граници беа запленети околу половина тон марихуана.