Македонија
2. October 2018 - 16:22

МВР и ОЈО ќе истражува кој ја пуштил лажната оставка на министерот Никола Димитров

Полицијата и Јавното обвинитеслтво ќе истражуваат кој го фалсификуваше печатот на Министерството за надворешни работи и потписот на министерот Димитров. Ден по објавата на лажниот документ со оставката на шефот на дипломатијата, Министерството за надворешни работи поднесе пријава до МВР и ОЈО Скопје.

Пријавата е за фалсификат и можна злоупотреба на одредена институција и начин на комуникација во врска со вчерашото лажно соопштение за оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров. По добиената пријава ќе пристапиме кон работа, важно е да се утврди фактичката состојба. Лажните вести и говорот на омраза станаа нешто на кое се темелат информациите, рече денеска Спасовски.

Министерството за надворешни работи вчера експресно ја демантираше информацијата дека министерот Димитров се повлекува поради неуспешниот референдум и најостро ги осуди обидите за ширење лажни вести. Ваквата дезинформација и министерот Димитров ја оцени како почеток на специјална војна и на социјалните мрежи порача дека останува посветено да работи на евроспката иднина на Македонија.