Македонија
21. February 2018 - 16:25

МВР и Обвинителството истражуваат во „Трансверзалец“ и Федерацијата на планинарски спортови

Oсновното јавно обвинителство отвори постапка за расветлување на настанот во кој загинаа двајцата планинари на врвот Кајмакчалан. По наредба на јавен обвинител, единицата за насилен криминал врши проверка на работењето на друштвото „Трансцверзалец“ и Федерацијата на планински спортови. Ќе се испитува кој, кога и како ја организирал планинската експедиција. Со постапката ќе се утврдува кои услови се потребни за организирање на планинска тура и дали Трансверзалец ги исполниле условите за да се искачуваат на врвот од Ниџе каде загинаа младите планинари Александар Миновски и Калина Велевска. 

По Наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари.

Според извештајот од спасувачките служби кој е доставен до грчката полиција, Александар бил пронајден жив а за Калина претпоставувале дека е веќе почината. Спасувачот раскажал дека додека течело извлекувањето на Александар со ременот, истиот  поради непозната причина се откачил од ременот паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина каде поради темнината и лошите временски услови било невозможно да ги лоцираат.

По 10 дена од трагичниот настан грчката полиција се уште води истрага. Несреќата отвори голем број дилеми а во јавноста беа пласирани различни  извештаи од страна Трансверзалев и оној од грчките спасувачи.

Од МВР го чекаат ивештајот од колегите во Грција но во меѓувреме постапуваат по наредба на обвинителство. Детално се испитува работењето на Трансверзалец но и на Федерацијата. Полицијата работи на прибавување докази и информации кои ќе помогнат во расветлување на случајот.

Калина  и Александар загинаа на 10 февруари искачувајќи се на Кајмакчалан заедно со група  планинари. Нивните тела беа пронајдени утредента  во бездна од грчката спасувачка служба. Федерацијата по 5 дена од несреќата го  презентираше извештајот од планинарското друштво а комисијата одлучи да го суспендира водичот Зоран Костадиновски Москито.