МВР: Граѓаните да не отвараат сомнителни линкови, измамници шират измама со наводна нова дигитална криптовалута
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која што лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина.
Со кликнување на линкот, се влегува на лажната страница:
а потоа преку сите линкови кои се појавуваат на страната вепренасочуваат кон страната https://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина.
Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.
Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и за истата е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија.
Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250$, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства.
МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.
Ново на Сител
-
Високи средно дневни параметри на ПМ -10 и ПМ 2,5 честички во Велес
-
Донација од Чешка од 108.000 заштитни и 18.000 маски тип ffp2/n95 и 5.000 медицински скафандери
-
Видео средба Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ
-
Во последните седум дена инспекциските служби спровдоа 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти
-
Кривична за тетовец кој во сопствено комбе превезувал повеќе патници отколку што е дозволено
-
Силна експлозија во центарот на Мадрид, има починати лица
-
Српското МВР собра докази дека Вучиќ бил нелегално прислушкуван
-
72 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 1023 пациенти, починати се 13 лица