Македонија
7. May 2021 - 8:26

МВР го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција

Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров “ ќе се одржи  централната прослава по повод одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.

Во рамки на зафатите за осовременување и модернизација на условите за работа на полицијата и другите припадници на МВР се работи на реконструкција или реновирање на објектите на СВР Куманово, на Полициското одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работи и на Одделението за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.