МВР ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителите кои ги оштетија гробишатата во Љуботен
Во врска со реакциите и наводите изнесени од претставници на политичка партија и некои медиуми, а кои се однесуваат на сквернавењето на гробишатата во скопското село Љуботен, Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение наведува дека веднаш по пријавувањето на настанот екипите на Министерството извршиле увид на местото на настанот и ги превзеле сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на овој настан.
- Министерството интезивно ги спроведува сите оперативно-технички и теренски активности кои овозможуваат собирање и анализа на доказниот материјал, се со цел сторителите на овој чин да бидат идентификувани и против нив да се поведе соодветна кривична постапка. При извршувањето на своите надлежности, Министерството постапува професионално и без никакви политички влијанија и без популистички и сензационалистички мотиви. Токму затоа и сите докази кои ќе бидат обезбедени во текот на истрагата ќе бидат соопштени на прес конференција, се истакнува во соопштението.
Министерството за внатрешни работи повторно најостро го осудува овој вандалски чин и повикува настанот да не се користи за добивање публицитет ниту на политичките партии, ниту на медиумите.
- Изнесувањето на невистини и недокажани сомнежи не придонесува за доброто на граѓаните и негативно влијае на текот на истрагата. Министерството редовно ги превзема сите мерки за заштита и гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари