МВР ги отфрла обвинувањата за деградирање припадници на специјалните единици
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се неточни и ги оцени како крајно манипулативни обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека без причина се деградираат припадници на специјални единици и обучени професионалци, со тоа што, како што тврди опозициската партија, им се делат решенија за пониски работни места и позиции.
- По денешната прес-конференција на политичка партија, на којашто беа изнесени целосно неточни и тенденциозни наводи околу наводно „деградирање и шиканирање“ на припадници на Единицата за специјални задачи при што сето тоа било правено без „никаков респект и причина“, МВР мора уште еднаш, во интерес на граѓаните и на вистината, категорично да ги отфрли ваквите неточни, а крајно манипулативни наводи, се наведува во реакцијата на МВР.
Од Министерството посочуваат дека е завршено времето на партиско-политичките или кои било други „интересни“ критериуми за професионално работење и напредување во организациските структури на македонската полиција.
- Како и во сите други организациони единици при МВР, така и во ЕСЗ тековно и врз основа на потребите и проценките за извршување на работните задачи од надлежност на Министерството, се спроведува распоредување на вработени, а сето тоа строго согласно постапката утврдена во Законот за внатрешни работи и другите позитивни подзаконски акти и правилници, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии