Македонија
2. March 2018 - 19:11

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка

Министерството за внатрешни работи, во соопштение до медиумите денеска категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство.

- Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството за овој и за сите други случаи настапува максимално транспарентно со единствена цел јавноста да биде вистинито информирана., се вели во соопштението на МВР.