Балкан
19. April 2016 - 11:16

Музичарите против војната: ЕКВ, Партибрејкерси и Електрични Оргазам 1992 низ Белград

Пред точно 24 години членовите на трите култни бендови - ЕКВ, Електрични Оргазан и партибрејкерси - во камион кружеа низ улиците на Белград противејќи се на војната, кој по Хрватска се закануваше да ја зафати и Босна и Херцеговина. Сега на ЈуТјуб се појави комплетниот видео материјал од овој настан во кој легнедарните музичари го кренаа својот глас против безумието на војната.

Милан Младеновиќ, Срѓан Гојковиќ Гиле, Зоран Костиќ Цане, Небојша Антонијевиќ Антон, Борко Петровиќ, Горан Чавајда Чавке, Зоран Радомировиќ Шваба и Љубомир Јовановиќ Јовец се споија во своевиден антивоен бенд и на тој 8 март 1992 година својата идеја ја споделија со граѓаните.

-Моја прва и најголема желба е да се разбудам и да констатирам дека е 1990. година и да кажам: Уф, ама сум сонил нешто грдо“, рече Младеновиќ за тие нечовечки времиња, додека фронтменот на Партибрејкерс Цане ќе остане запаметен по оваа изјава: „Меѓу првите им покажавме среден прст“.