Македонија
1. March 2021 - 12:39

Музичарите на протест, угостителите на средба со Битиќи

Музичарите на протест угостителите на средба во Владата.

Претставнците на рестораните за свадби попладне седнуваат на средба со вицепремиерот Битиќи и директорот на пазарен Пауновски. Ќе се бара решение како тие  да почнат да работат. Сепак крајниот збор за тоа ќе го има Комисијата за заразни болести од каде за Сител посочија дека засега не се размислува да им се даде дозвола да отворат поради зголемениот процент на новозаболени изминатите денови.

Денеска на протест излегуваат и музичарите кои исто така една година се без ангажман и без примања.

Организаторите за свадби изминатите денови неколку пати протестираа. Бараа Владата да им дозволи да работат како останатите кафани и да заработуваат. Велат дка не е фер постојано мерките за заштита да бидат на нивна штета и да важат само за нив.

Од јуни месец се целосно затворени, а поради лошата состојба во која се наоѓаат многумина размислуваат целосно да се откажат од бизнисот.