Македонија
2. July 2020 - 19:57

Музичарите и снимателите на свадби со протест побараа укинување на забраната за свадби

Свадбарските работници денеска во Битола побараа да се се укине забраната за одржување семејни веселби и свадби и да се донесе протокол за одржување на истите, за што испратиле писмо и до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Од неформалната група свадбарски работници велат дека голем дел од овие дејности се на работ на егзистенцијата.

-Имам музичари кои имаат и сруги работи, имаме и музичари чија егзистенција е исклучиво од свадби и веселби. Не може еден концерт, од 1000 души да има, и казина да работат, и хотели, галерии, музеи, само за музичарите било проблем и ние сме проблем за ширење на коронавирусот, изјави ЗАИТ АЛИУ, ИНИЦИЈАТОР НА НЕФОРМАЛНАТА ГРУПА НА СВАДБАРСКИ РАБОТНИЦИ.

-Сега сме сведоци дека се одржуваат семејни велеби во викендици, голема концентрација на луѓе на мал простор, каде хигиенските услови и вентилацијата се под нивото на кое денеска работат рестораните. Сметаме дека свадбите не се голем ризик за вирусот бидејќи луеѓто кои не ја почитуваат дистанцата се од исто семејство, живеат во ист дом, работат на исто место, се во истио друштва кои во секојдневниот живот се заедно, изјави БЛАГОЈ МУСТРИКОВСКИ, НЕФОРМАЛНА ГРУПА НА СВАДБАРСКИ РАБОТНИЦИ.

На денешниот протест присуствуваа мзуичари, угостители, сниматели, преставници од цвеќарници, кетеринг и сите придружни дејности поврзани со свадбите.

- Се што ќе наложи владата да се испочитува, се надевам дека и младоженците ќе се нафатат на мерки за да биде како што треба, изјави ГОЦЕ ГЕРШАНОВ, МЕНАЏЕР ВО РЕСТОРАН.

 -Едноставно е заборавена оваа дејност, но и сите придружни и сродни дејности од свадбениот бизнис, знаеме дека во Македонија музичката дејност егзистира 80-90% од свадби, изјави БЛАГОЈА ГРУЈОВСКИ, ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕСТРАДНИ РАБОТНИЦИ.

Како што истакнаа свадбарските работници, годишно има околу 15 000 семејни веселби, а засегнати се околу 20.000 музичари, но и сите други сродни дејности поврзани со свадбите.