Македонија
26. April 2016 - 17:12

Музејот на македонската борба не го поддржува протестот на Синдикатот на културата

Музејот на македонската борба-Скопје не ги поддржува протестите организирани од Синдикатот на културата во Република Македонија. 

- Ваквиот начин на демонстрирање, што се вклопува во партиска концепција на дејствување, не може да ја помати сликата на сите напори и резултати постигнати во сите области на културата изминативе години, стои во соопштението од Музејот на македонската борба.

Бројот на реализирани проекти, како што се наведува, укажува дека како никогаш досега е вложувано во културата и во афирмација на културните вредности и во Македонија и надвор од неа.