Свет
26. December 2020 - 16:17

Мутираниот Ковид-19 регистриран во 8 европски држави

Новиот мутиран коронавирус веќе е откриен во осум европски земји објави регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге.

„Осум земји во европскиот регион на СЗО досега ја идентификуваа новата варијанта на Ковид-19 наречена VOC-202012/01“, напиша Клуге на Твитер.

Според него новиот вид на вирусот се шири и меѓу помладата популација, за разлика од претходните варијанти.

Клуге повика на претпазливост додека се водат истражувањата за неговите ефекти, како и на јакнење на постоечките заштитни мерки како што се физичката дистанца и носењето заштитни маски. 

Новиот вид на коронавирусот беше идентификуван во Британија на 14 декември.