Балкан
20. July 2016 - 8:53

Мустафа: Косово и Пеќ не губат ни квадратен метар со демаркација на границата

Косовскиот премиер Иса Мустафа тврди дека Косово не губи ни квадратен метар со демаркација на границата со Црна Гора.

Според него, Република Косово располага со 10.096 квадратни километри, а општина Пеќ располага со 603 квадратни километри или исто колку што имала и претходно.

Мустафа објасни дека границата со Црна Гора е во целосна согласност со Декларацијата за независност.

- Многу е јасно дека независноста не е објавена врз основа на картите од триесеттите, дваесеттите или педесеттите години на минатиот век, туку  врз основа на територијата што Косово ја имало на граничната линија на 31 декември 1988 година, вели Мустафа.