Џет-Сет
16. January 2016 - 19:53

Мустафа ја шокираше Емина Јаховиќ на промоцијата на нејзиниот парфем

Емина Јаховиќ Сандал синоќа го претставуваше својот нов парфем „Closer" и козметичката линија "Loud", но на вакво изненадување не се надеваше!

Освен промоцијата на парфемот и козметиката, пејачката премиерно го претстави и новиот спот за песната „Ромео“ која веќе стана хит.

И покрај беспрекорната организација, Емина на овој детал не се надеваше. Имено по спотот на видео бимот се појави Мусафа Сандал со синовите Јаман и Јавуз и заедно и ја отпеаа роденденската песна. Најпрво на течен српски јазик, а потоа и на турски.

Емина во шок излезе на бината додека очите и беа полни со солзи.

Емина со мајката и сестрата

Мустафа Сандал исто така присуствуваше на промицијата, како и голем број познати личности од српската естрада, меѓу кои беа и Жељко и Јована Јоксимовиќ, Сергеј Ќетковиќ, Јелена Томашевиќ, како и момчињата од Х фактор на кои таа им беше ментор.