Loading Video...
Македонија
25. September 2020 - 16:44

Мурињо со замерка за головите на стадионот во Скопје

Големата Арена во Скопје се прослави со помал гол. Светски популарниот тренер Жозе Мурињо  се пожали и објави слика на Твитер пред почетокот на натпреварот со Шкендија во рамки на квалификациите во Лига Европа. Мечот се најде во фокусот на светската спортска јавност откако „специјалниот “ како што го нарекуваат Мурињо твитна.

„Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. “

Ова го забележал голманот на Тотенхем и реагирал кај својот тренер. Го повикале делегатот кој веднаш извршил мерење.

Мурињо беше незадоволен и од теренот и тоа не го криеше во изјавата по одиграниот меч во кој победија со 3 спрема 1.

Според информации на Сител, најпрво реагирале дека стативата е пониска за 10 сантиметри па 5, но по мерењето се утврдило дека фалат 2-3 цм. Забелешката била дадена пред загревањето па на Градски стигна нова конструкција.

Според директорот на Арената Тодор  Проески , пред секој ваков натпревар делегат од УЕФА прави проверка на сите технички работи и тој дава зелено светло. Во неформален разговор за Сител на шега вели твитот си го направи своето,  затоа и го  нарекуваат „специјалноиот“  секогаш се издвојува од другите.

„Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината  на двата гола веднаш беше минимално корегирана“, велат од претпријатието.

Од ФК Шкендија официјална реакција нема. За Сител велат ние го закупуваме теренот, плаќаме и добро е што веднаш го сменија голот.  

Поради подготовка на теренот за следниот важен натпревар помеѓу Македонија и Косово надлежните не ни дозолија снимање, но аматерското видео можеше да се забележи дека на теренот фалеше една статива. На квалитетот на тревникот забелешка имаа и неколку македонски репрезентативци кои по дуелот со Ерменија на почетокот од месецов, порачаа ако треба да играат на ваков терен подобро да бараат нов стадион.