Фудбал
10. July 2017 - 12:45

Мурињо продолжува да „лапа“ од Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, има намера на својот поранешен клуб Челзи да му „украде“ уште еден играч. Откако Ромелу Лукако во последен момент го смени мислењето и заврши во Јунајтед, истото може да се случи и со Тиему Бакајоко од Монако.
 
Играчот од средниот ред на фрнацускиот првак долго време се најавува како засилување за Челзи, но можно е и тој, како и Лукаку, на крајот од сагата да заврши на „Олд Трафорд“.
 
Жозе Мурињо е лут што Челзи го блокира трансферот на Немања Матиќ и поради тоа ќе се обиде да му го земе на својот екс клуб планираното засилување.
 
Англиските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед за 22-годишниот фудбалер на Монако му понудил 40 милиони евра.