Фудбал
2. July 2020 - 10:26

Мурињо: Не ни треба многу инвестиции

На Тотенхем не му треба голема инвестиција, сигурен е менаџерот на англискиот клуб Жозе Мурињо. „Спарси“ се дел од Лигата на шампионите во последните четири години, откако стигнаа до финалето на најпрестижниот клупски турнир минатата сезона, но загубија со 0-2 од Ливерпул во Мадрид.

– Двете добри работи се дека претседателот Даниел Леви го сака она што го сакам. Тој самиот сака сè што сакаат фановите – да освојуваат натпревари и трофеи. Тоа е нешто одлично. Втората добра работа е што не ни требаат многу подобрувања, не ни требаат многу играчи и инвестиции Ова е профилот на нашиот клуб. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да ќе го подобриме нашиот состав. Ова е токму она што го сакаме, категоричен е португалскиот стратег.

Тој откри дека раководството на Тотенхем сака Ерик Даер да потпише нов договор.

– Се надевам дека ќе најдат заеднички јазик. Ерик веќе ми кажа дека тука е повеќе од среќен. Сигурен сум дека го водам тимот во вистинската насока, додаде Мурињо.

Во четврток, Тотенхем игра како гостин против Шефилд Јунајтед.