-->
-->
Мурињо му одржа лекција на целиот свет: Хероите се на Тајланд, а не на Мундијалот
-->
Менаџерот на англискиот великан Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо му одржа лекција на целиот свет откако јавно објави дека вистинските херои се наоѓаат на Тајланд, мислејќи на децата кои преживеаа 15 дена заробени во една пештера, а не фудбалерите на Мундијалот кои се борат за светската титула.Претседателот нна ФИФА, Џани Инфантино објави писмо во кое објави дека децата од Тајланд ќе бидат специјални гости на финалето в недела во Москва, ако сè биде како што треба, но тие нема да допатуваат во руската престолнина затоа што ќе бидат задржани во болница.
„Јас сум воодушевен од тоа што се случи на Тајланд. Хероите се таму, а не на СП во Русија. Децата, а посебно нуркачите кои беа вклучени во спасувањето. За мене, Светското првенство е на друго место“, рекол „специјалниот“, кој е стручен аналитичар за „Раша тудеј“
Вчера сите 12 деца и нивниот фудбалски тренер беа извлечени од пештерата на Тајланд, откако тие минаа 15 дена во неа, па целиот свет се крена за да помогне и да ги извлече пред да почнат да паѓаат монсунските дождови и ситуацијата да избега од контрол
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
-

Македонскиот документарен филм ,,Приказната за Силјан‘‘ освои награда за најдобар филм и најдобра камера
