-->
-->
Мурињо му одржа лекција на целиот свет: Хероите се на Тајланд, а не на Мундијалот
-->
Менаџерот на англискиот великан Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо му одржа лекција на целиот свет откако јавно објави дека вистинските херои се наоѓаат на Тајланд, мислејќи на децата кои преживеаа 15 дена заробени во една пештера, а не фудбалерите на Мундијалот кои се борат за светската титула.
Претседателот нна ФИФА, Џани Инфантино објави писмо во кое објави дека децата од Тајланд ќе бидат специјални гости на финалето в недела во Москва, ако сè биде како што треба, но тие нема да допатуваат во руската престолнина затоа што ќе бидат задржани во болница.
„Јас сум воодушевен од тоа што се случи на Тајланд. Хероите се таму, а не на СП во Русија. Децата, а посебно нуркачите кои беа вклучени во спасувањето. За мене, Светското првенство е на друго место“, рекол „специјалниот“, кој е стручен аналитичар за „Раша тудеј“
Вчера сите 12 деца и нивниот фудбалски тренер беа извлечени од пештерата на Тајланд, откако тие минаа 15 дена во неа, па целиот свет се крена за да помогне и да ги извлече пред да почнат да паѓаат монсунските дождови и ситуацијата да избега од контрол
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација