Свет
29. November 2017 - 9:14

Мун: Ракетната проба на Северна Кореја е сериозна закана за светскиот мир

Претседателот на ЈУжна Кореја, Мун Џае-ин најновата ракетна проба на Северна Кореја ја нарече „сериозна закана“ за светскиот мир и ја потенцира потребата од интензивирање на санкциите и притисокот вез Пјонгјанг, со цел да се обесхрабрат „неговите нуклеарни амбиции“.

Тој на седница на Советот за национална безбедност истакна дека Сеул нема да „седи и да чека“ на провокациите на Северна Кореја и оти ќе работи со САД на зајакнување на сопствената безбедност.

Мун посочи дека Јужна Кореја го предвидела последното лансирање ракета од Северна Кореја и се подготвила за тоа.

Јужна Кореја изведе воена вежба само неколку минути  откако е забележано дека е лансирана ракета од правец на Северна Кореја.

Јужнокорејски медиуми вчера објавија дека радиосигнали и активиран радар во ракетна севернокорејска база, најавуваат дека Пјонгјанг се подготвува за нова ракетна проба. 

Јужнокорејската агенција Јонхап повикувајќи се на владин извор, објави дека радар за следење ракети бил активиран во севернокорејска база без да се нагласи која база. 

И јапонски медиуми вчера објавија дека Владата во Токио е во состојба на подготвеност по регистрирањето радиосигнали.