Свет
8. May 2018 - 10:45

Мун: Јапонија и Северна Кореја да почнат разговори за нормализација

 Јапонија и Северна Кореја би требало да почнат разговори за нормализација на односите меѓу двете земји и да придонесат за мирот и стабилноста во регионот, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

- Посебно мислам дека треба да продолжи дијалогот меѓу Јапонија и Северна Кореја. Доколку се нормализираат односите меѓу Токио и Пјонгјанг, тоа во голема мера би придонело за мирот и безбедноста во североисточна Азија, изјави Мун во интервју за јапонскиот весник „Јумури“.

Тој потсети дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неодамнешниот панкорејски Самит изјавил дека е подготвен на дијалог со Јапонија во кое било време. Мун истакна дека желбата на Ким за денуклеаризација претставува темел на претстојниот Самит меѓу САД и Северна Кореја.

Мун го оцени Ким како „многу отворена и практична личност“.

- Од сега, а врз основа на меѓусебната доверба, ќе направиме храбри чекори кон мирот, просперитетот и обединувањето, изјави Мун.